дома Македонија Владата го имeнyва Бучковcки за специjaлен пpeтставник за Бугарија

Владата го имeнyва Бучковcки за специjaлен пpeтставник за Бугарија

Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Македонија.

Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет УниБИТ, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет .

По неодамнешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое предизвика лавина реакции во јавноста, Бучковски му даде отворена поддршка на својот некогашен сопартиец и соработник, посочувајќи дека тој „од петни жили“ се бори за евроинтеграцијата на С Македонија.

За разлика од Бучковски, поранешниот претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, како и други поранешни функционери на сега владејачката партија, го критикуваа интервјуто на Заев, оценувајќи го како скандалозно.