дома Македонија Владата го продолжи мандатот на Владо Бучковски како специјален претставник на ...

Владата го продолжи мандатот на Владо Бучковски како специјален претставник на Македонија за Република Бугарија

Владата на Република Македонија на денешната редовна 122-ра седница усвои повеќе предлози и донесе неколку одлуки кои беа на дневен ред

На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година.