дома Македонија ВЛАДАТА ГО ШУТИРАШЕ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ: Работници на јавното претпријатие најдобар показател за...

ВЛАДАТА ГО ШУТИРАШЕ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ: Работници на јавното претпријатие најдобар показател за односот на оваа влада кон Македонската култура и историја!

Во изминатите два дена, јавното претпријатие „Македонски патишта“ спроведува акција за промена на таблите на кои е испишано името на автопатот „Александар Македонски“, кои се променуваат со новите табли на преименуваниот автопат „Пријателство“

 

 

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како работниците на ЈП „Македонски патишта“ го шутираат извадениот знак на кој беше испишано името на автопатот „Александар Македонски“, на тој начин сквернавејќи го името на славниот македонски војсководец.

Новото име на автопатот, кое беше договорено во Давос по грчки терк е „Пријателство“, а би требало да биде „симболичен чекор“ кој ќе доведе до решение (промена) и на уставното име.

Освен автопатот, преименуван е и аеродромот „Александар Велики“ во „Меѓународен Аеродром – Скопје“.