дома Македонија Владата дeмaнтиpa дека Заев се договорил со Бугарија

Владата дeмaнтиpa дека Заев се договорил со Бугарија

Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов “Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување на анекс на договор” и го отфрла како полн со невистини и дезинформации.

Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”.

За манипулативната намера на овој текст говори и фактот што некои позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.

Според неофицијални информации од дипломатски извори, „Инфомакс“ дознава дека сите барања на Бугарија веќе се прифатени од страна на Зоран Заев, а се подготвува и потпишување на анекс на договорот за добрососедство.