дома Актуелно Владата е виновна за лажните вести за коронавиурост

Владата е виновна за лажните вести за коронавиурост

Причината што голем дел од граѓаните не веруваа во вирусот е неиформираност, но и недовербата во институциите истакна градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари. Нивна задача беше да ги информираат граѓаните, нешто што тие не успеаа да го сторат, додава тој. Но според него голем проблем е и недовербата во институциите, во Венко Филипче, Владата на СДСМ и министерството за здравство. Потребно беше да има континуирана кампања дека се работи за сериозна болест, посочува Таравари.

-Дефинитивно проблем и недовербата во институциите. Не би сакал да кажам сега дека крив за тоа е само еден човек, Филипче или Заев, Спасовски, Мицкоски или некој друг. Нарушувањето на довербата во институциите го започнавме пред 20 години и тоа континуирано трае. Еден ќе дојде ќе ја наруши таа доверба, друг ќе дојде после него ќе го продолжи. Надежта беше голема дека ние ќе почнеме полека да ја враќаме довербата во институциите во одредени министерства, вели Таравари.

 

https://youtu.be/p9G3qLmi_GI