дома Македонија Владата издвои пари за реконструкција на Универзална сала и спомен обележје на...

Владата издвои пари за реконструкција на Универзална сала и спомен обележје на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализација на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ во селото Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објект киното „Манаки“ во Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.