дома Актуелно ВЛАДАТА КРИЕЛА РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА НАПРАВЕНА ВО ЈУНИ: Само 31% би излегле...

ВЛАДАТА КРИЕЛА РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА НАПРАВЕНА ВО ЈУНИ: Само 31% би излегле на референдумот, останатите ќе бојкотираат – Антонио Милошоски објави информации кои Владата ги криела!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави фотографија преку која повикува да се бојкотира референдумот за името, доколку истиот воопшто се организира, и ја запраша Владата зошто ја крие анкетата спроведена во јули?

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?!

На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот.

Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи)“.