дома Македонија Владата ја усвои информацијата за Договорот за соработка меѓу „НЕР“ и „ДЕСФА“...

Владата ја усвои информацијата за Договорот за соработка меѓу „НЕР“ и „ДЕСФА“ за изградба на гасоводот со Грција

Владата на Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за Договорот за соработка меѓу НЕР АД Скопје и ДЕСФА С.А. за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со предлог Одлука за гарантирање на реализацијата.
После меморандумот за соработка на ниво на министерства, овој договор е последниот чекор за стартување на работите интерконекторот за гасоводно поврзување меѓу двете земји кој треба да го спроведат двете компании кои имаат непосредна надлежност над овој проект.