дома Македонија ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПОКРИВА ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Владата...

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПОКРИВА ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Владата донесе одлука да ги плати половина од долговите на сите општини во Македонија

Владата на Република Македонија на вчерачната седница усвои предлог законско решение со кое се уредува финансиската поддршка за општините и единките корисници основани од нив, со кој се предвидува обезбедување на 51 процент од пријавените неплатени обврски за сите општини.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, вчера на прес-конференција, објасни дека во ребалансот на Буџетот за оваа намена се планираат средства во висина од 3,02 милијарди денари, кои се строго наменски и неповратни, а целта е да се зајакне фискалниот капацитет на општините, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството.

Општините имаат пријавени неплатени обврски во висина од околу 5,5 милијарди денари, од кои со највисоки пријавени неплатени долгови се Охрид – 495 милиони денари, Тетово – 468 милиони денари, Куманово -118 милиони денари и Карпош-248 милиони денари.

Тевдовски, на прес конференција изјави дека Владата на денешната седница донела три одлуки, и тоа за објавување на преземените, а неплатените обврски на државните институции, за законско решение за финансиска поддршка на единиците за локална самоуправа и одлука за воспоставување на механизам за финансиска дисциплина на единиците за локална самоуправа.

– Неплатените обврски на државните институции со пресечен датум 30 септември 2018 година се достапни на веб страната на Министерството за финансии. Износот на пријавени доспеани, а неплатени обрски изнесува 18,8 милијарди денари или 307 милиони евра, рече Тевдовски.