дома Актуелно Владата ќе додели финансиска поддршка за дискотеките, естрадните уметници, игротеките и туристичките...

Владата ќе додели финансиска поддршка за дискотеките, естрадните уметници, игротеките и туристичките агенции

Владата на Р.Македонија преку јавен повик финансиски ќе ги помага туристичките агенции, естрадните водичи и дејностите од угостителски карактер.

Владата го утврди текстот на јавните повици со кои се предвидува финансиска поддршка за естрадните уметници, за туристички водичи, за компании – оператори од индустријата за организација на настани, за агенции кои организираат настани и други активности, за поддршка за регистрираните игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност (кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор), за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби, како и за на лиценцирани туристички агенции.