дома Македонија ВЛАДАТА ЌЕ СЕ СЛИКА: Владата ќе потроши 36 илјади евра за набавка...

ВЛАДАТА ЌЕ СЕ СЛИКА: Владата ќе потроши 36 илјади евра за набавка на фотоапарати

Владата на Република Македонија односно Генералниот секретаријат, распиша оглас за набавка на стоки – фото опрема.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.800.000 денари односно околу 30 илјади евра, а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена. Вредноста на договорот со ДДВ би изнесувал околу 36 илјади евра.