дома Македонија ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Заев тврди дека има уште пратеници...

ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Заев тврди дека има уште пратеници кои сакаат да се приклучат кон владејачкото мнозинство

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека укрупнување на мнозинството ќе се прави само доколку се одлучи да се поднесе импичмент за претседателот Иванов.

-Има желби и тоа ќе го направиме ако мораме исклучиво за импичмент на претседателот. Укрупнувањето сега ќе дојде до двотретинско мнозинство. Јас немам намера да работам на тоа, имам попаметни работи во моментов. Се што е парламентарна демократија ние ќе го искористиме да дојдеме до таа можност граѓаните да одлучат за иднината. И таа одлука ќе мора сите да и се поклониме и да ја испочитуваме до крај, рече Заев.