дома Македонија ВЛАДИНА И ПАРТИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: И ВМРО-ДПМНЕ...

ВЛАДИНА И ПАРТИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се поклонија на гpoбoт на првиот претседател на независна Македонија

Почит и сеќавање за Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ. Штипјанец и Македонец.

Се вложи себеси во градењето на независна Македонија.

Вечна му слава, објави на својот фејсбук профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

И владина делегација составена од министерот за здравство Венко Филипче, министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, денеска положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на државата Киро Глигоров.

Глигоров, роден на 3 мај 1917 година во Штип, почина ноќта на први јануар 2012 година на 94-годишна возраст.

Тој за првпат беше избран за претседател од македонското собрание на 27 јануар 1991 година, додека за вторпат беше избран на претседателските избори оддржани на 19 ноември 1994 година.