дома Временска Прогноза ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА!

ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА!

 За време на предстојниот викенд ќе се задржи релативно топло време. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Во понеделник (19.09.2016) територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика зголемена облачност и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ. Можна е и локална појава на грмежи. Во понеделник во текот на денот сеуште ќе биде релативно топло но доцна попладне и во вечерните часови поради продорот на студен воздух ќе има позначителен пад на температурите (за повеќе од 10 степени). Променливото и свежо време ќе продолжи и во деновите по понеделник.

Вистинската есен доаѓа! 

Нови и обновени прогнози очекувајте наскоро.

Временската прогноза ја подготви:

Славчо Попоски