дома Македонија ВЛАСТА ГИ КА3НУВА ОНИЕ КОИ ГО ПОСЕТУВААТ ГРУЕВСКИ: Царината ги прераспределила на...

ВЛАСТА ГИ КА3НУВА ОНИЕ КОИ ГО ПОСЕТУВААТ ГРУЕВСКИ: Царината ги прераспределила на други работни места посетителите на Груевски

Двајцата царински работници кои го посетија Никола Груевски во Будимпешта се прераспределени на други работни места. Како што потврди денеска пред новинарите директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски едниот од нив е прераспределен од архива во магацин, а царинскиот службеник Александар Трајковски од секторот контрола и истраги исто така е прераспределен на друго работно, но е оставен на ниво на кое бил и предходно.

„Следува внатрешна истрага, доставување на извештаи, отворање на постапки. Не би сакал да прејудицирам, каков ќе биде резултатот од таа постапка, но си течат и ќе се одвиваат во наредните недела-две, да не вршиме притисок“, информираше Танасковски.

Александар Трајковски на 11 декември се појави на социјалните мрежи на фотографија. Тој е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Насилства и шамари во Центар“, а рече дека бил во БУдимпешта за да си ги лекува синусите, бидејќи во Македонија не можеле да му постават дијагноза.

И за вториот царински службеник, траат проверките во Царина, тој беше на посета на Груевски во време додека користел годишен одмор и слободни денови.

Оваа преседан од највисок ранг каде држават се меша во приватниот живот на граѓаните. По кој основ се спроведува истрага и се казнуваат граѓаните, доколку некој граѓанин реши да се прошета во Будимпешта и да се види со Никола Груевски, ќе треба да одговорат од Власта на СДСМ.