дома Политика ВЛАСТА ГИ СМИРИ ФРАКЦИИТЕ ВО БЕСА: И крилото на Африм Гаши влегува...

ВЛАСТА ГИ СМИРИ ФРАКЦИИТЕ ВО БЕСА: И крилото на Африм Гаши влегува во владината коалиција

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговарал со крилото на Беса предводено од Африм Гаши и постигнале договор за коалицирање, односно за зголемување на парламентарното мнозинство, објави Телма.

Според тоа, тројца пратеници ќе го засилат кревкото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ.

Заев истовремено преговара и со крилото на Беса предводено од Билал Касами, кое пак на своја страна има двајца пратеници во Собранието на РМ.

Најверојатно СДСМ ќе мора да и отстапи едно министерско место на новата партија во владината коалиција.