дома Политика ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ПОВЕЌЕ НЕ Е КООРДИНАТОР НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА: Пратеничката група на...

ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ПОВЕЌЕ НЕ Е КООРДИНАТОР НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доби нов координатор

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница за координатор на пратеничката група го назначил Драган Данев.

 

Како што информираше партискиот генерален секретар Игор Јанушев, досегашниот координатор Влатко Ѓорчев побарал да се повлече од оваа функција, поради голем обем на обврски и презафатеност.

За заменици на Данев, пак, поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.