дома Арсенал Влегува во употреба новата pycka пoдмopницa „Лада“ – најсофистицирана нeнykлeapнa пoдмopницa во...

Влегува во употреба новата pycka пoдмopницa „Лада“ – најсофистицирана нeнykлeapнa пoдмopницa во cвeтoт

Перспективни системи на вооружување, бешумност и незабележливост се одлика на првите сериски дизел-електрични пдоморници од проектот 677 „Лада“ која ќе биде предадена на руската флота во текот на 2022.година. На истата се работеше повеќе од 20 години. Подморницата може да биде вооружена со високопрецизно вооружување, а нејзиното следење е речиси невозможно.

По мислењето на експеритите „Лада“ се најсовремени и најперспективни домашни ненуклеарни подморници.

Без обзир што се од мали размери, се сестрани. Можат да се спротивствата на подморници и бродови, да гаѓаат крајбрежни цели, да поставуваат мини, да го штитат брегот од десантни трупи, да превезуваат единици или специјален терет.

Главната предност им е голема автоматизација и нечујност, мобилност и агилност, што овозможува ефикасно да се користат во диверзантски и извидувачки операции. Опремени се со моќни сонарни системи и со три чувствителни антени.

Брзината на подморницата со околу 1.8 илјади тони депласман достигнува брзина од 20 чворови. Се движи на длабочина до 350 метри, со посада од 30 луѓе.

Што се однесува на вооружувањето на „Лада“ опремено е со 18 торпеда, калибар 533 милиметри. Можат да стрелаат и брзи противподморнички торпеда „Шквал“ кои се движат со бризна до 300 километри на час. Секако, „Лада“ како и другите модерни руски бродови има и крстосувачки ракети „Калибр“.