дома Македонија Влaдaтa дoнece итнa oдлyкa: Cтaпyвa нa cилa зaбpaнaтa зa движeњe пo шyмитe

Влaдaтa дoнece итнa oдлyкa: Cтaпyвa нa cилa зaбpaнaтa зa движeњe пo шyмитe

Владата вчера донесе итна одлука дека од денеска се забранува движење во шумските предели низ Републиката.

„Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

На 3. август стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.“, велат од Владата.

Оваа одлука се должи поради големиот број на пожари во изминатиот период низ земјава, а особено по вчерашниот во Кочани кој стигнал до куќите на жителите, а неколку лица побарале и лекарска помош поради вдишување на чад.