Државата се презадолжува, граѓаните осиромашуваат, а Зоран Заев се обидува да ја покрие катастрофата со нарачани судски пресуди, ова преку соопштение денеска го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек.
-Барање поткуп беше евидентирано со судска наредба, но видео во кое бара едно евро за Вице и евро за црквата беше отфрлен од судот како доказ. Сите овие процеси се прават се со цел јавноста да се дефокусира од штетните и катастрофални антидржавни политики што ги спроведува СДСМ и Зоран Заев. Треба да се заборават и 500 евра просечна плата, 100 илјади денари за докторите, 500 километри автопат и ред други нереални ветувања од страна на Зоран Заев и СДСМ. Картелот на власт сака граѓаните да останат слепи пред грабежот кој и се случува на Македонија, невиден од времето на криминалната транзиција. Ова зло мора да си оди, оваа елементарна непогода олицетворена во криминалниот картел на Зоран Заев мора да си замине. Правдата ќе се врати во Македонија со заминувањето на картелот од власт, а сите оние кои во правосудниот систем сега работат по нарачка на Заев ќе сносат одговорност. Оваа ненародна власт, мора да си оди. Политичката злоупотреба на институциите мора да запре. Економијата не смее дополнително да паѓа. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Затоа ајде сите заедно да излеземе и на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме не на оваа недемократска власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.