дома Политика ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ/Сорос поради поразот кој го доживеаја, сега и се одмаздуваат на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ/Сорос поради поразот кој го доживеаја, сега и се одмаздуваат на Македонија

Веќе на сите им е јасно дека СДСМ е Сорос, а Сорос е СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот ги прочита вандалите кои под диригентска палка на СДСМ/СОРОС палеа, ограбуваа и сквернавеа низ Скопје и затоа ги казни на последните избори.

СДСМ/СОРОС поради поразот кој го дожиеаја од народот, сега и се одмаздуваат на Македонија со прифаќање на Тиранската Платформа.

СДСМ/Сорос поради поразот кој го доживеаја, сега и се одмаздуваат на Македонија и со разни нарачани извештаи на невладини организации финансирани токму од Сорос.

Овие лажни извештаи на криминогеното раководство на СДСМ/Сорос не минуваат! Само СДСМ/Сорос си веруваат во тоа што си го напишале.

СДСМ/Сорос може да се потпираат на нарачаните извештаи од соросовата испостава „Фридом Хаус“, а ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да се потпира на волјата на народот.

Народот е на нозе!

Македонија се буди!