дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Борбата за подобра Македонија никогаш не престанува! (видео)

ВМРО-ДПМНЕ: Борбата за подобра Македонија никогаш не престанува! (видео)

Основачите на организацијата беа единствени кога покажаа визија и сила да го поведат народот во борба за човечки правдини и слобода. Беа единствени во инспирацијата, во идејата и во успехот. Низ сите триумфи и премрежја останаа единствени и непокорни. Се обидоа да ги оцрнат, разделат и уништат. Не успеаја! – напиша ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

Понатаму стои:

Во нивна чест го вградивме единството во нашето име. Во нивна чест дејствуваме единствени кога е во прашање Македонија.

Единствени си стоиме на зборот. Единствени ветуваме реално, реализираме и полагаме отчет пред народот.

Единствени ги зголемуваме пензиите, платите, субвенциите, градиме училишта, болници, аеродроми, патишта, гасоводи. Единствени реализираме инвестиции, отвораме фабрики и нови работни места.

Единствени ги ставаме државните пред личните интереси. Единствени кога треба храброст да се застане гордо пред секој противник. Затоа што единството е непокор, а кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата.

Единствени кога нашата Татковина не повикува да покажеме дека сме подготвени да се бориме.

За нејзината сила и чест, за нејзиниот развој и напредок, со многу љубов, знаење и вештини. Борба и стремеж што побрзо Македонија да се врати на старите патеки на напредок, нови инвестициски циклуси, нови работни места, ново зголемување на стандардот.

Борбата за подобра Македонија никогаш не престанува. Со кренати глави гледаме кон иднината. Оваа битка тукушто започна. И ќе победиме!

124 години ВМРО !
27 години ВМРО-ДПМНЕ !

Е Д И Н С Т В Е Н И