ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и СДСМ повторно удира по џебот на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новата мерка, за покачување на цената на кесињата е парцијална која нема да го реши проблемот со загадувањето.

-Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните. Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење. Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, стои во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски. Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This