дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Димитар Ковачевски е пиунот на Заев и не е никаков нов...

ВМРО-ДПМНЕ: Димитар Ковачевски е пиунот на Заев и не е никаков нов кадар

Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на Заев, Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се оддржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“ – велат од партијата.