ВМРО-ДПМНЕ: Дoкyмeнтитe зa зaвpшeнaтa мoдyлapнa бoлницa вo Тетово нe билe пoтпишaни oд инжeнep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку и да се обидуваат да си ја префрлаат вината меѓу себе, СДСМ и ДУИ се најповиканите на одговорност во случајот со катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ потенцирајќи дека од почетокот на изградбата, па се до трагичниот настан модуларните болници ги следеле низа на сомнителни постапки и огромни пропусти.

Прво, самиот факт што болницата изгоре за само 3 минути го поставува прашањето за небезбедните ПУР материјали со кои била направена тетовската модуларна болница, а кои се лесно запаливи.

Второ, сведоштвото на очевидци дека во објектот во кој живи изгореа 14 пациенти немало противпожарни апарати и систем за рана детекција на пожари.

Трето, објектите биле предавани во употреба без технички прием, без одобрение за градба или што би рекол Заев исто како летна тераса на ресторан.

Четврто, на примопредавањето на објектите не присуствувал инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување кој бил должен да го провери објектот од евентуална опасност од пожар и експлозии и да го одобри објектот како безбеден.

Петто, според информациите на медиумите во документите како надзор по завршување на изградбата на модуларните болници нема потпишано инженер кој би гарантирал за квалитетот на објектот. Ваков објект без гаранција од инженер бил пуштен во употреба и лекување на пациенти, што е врвот на неодговорноста.

Шесто, според податоци во јавноста документацијата за проектот од Министерството за труд и социјална политика не е идентична со тендерската документација на министерството за здравство кое го давало решението за градба на модуларните болници.

Седмо, Зоран Заев и Венко Филипче летаа со хеликоптери за да прават увид на поставувањето на модуларните болници, а сега бегаат од одговорноста за трагедијата. Тоа е бесрамно и мизерно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, додаваат од партијата, воопшто не ја интересира јавноста. Граѓаните бараат оставки и одговорност. За да има кредибилна истрага прво треба сите оние кои се вмешани во градењето на тетовската модуларна болница да си поднесат оставка, за да не влијаат на процесот на истрагата. Потоа ќе се види кој освен моралната одговорност, ќе сноси и кривична одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This