дома Политика ВМРО-ДПМНЕ ЗА СТАВОТ ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ: Ние ќе донесеме одлука за...

ВМРО-ДПМНЕ ЗА СТАВОТ ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ: Ние ќе донесеме одлука за референдумот која ќе биде во интерес на граѓаните, демократски е да го чуеме нивното мислење

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија која пред се делува во насока на заштита на македонските национални интереси и пред се сака да го слушне ставот и мислењето на народот и токму затоа во овој период ги консултираме и ги прашуваме. Сакаме од што поголем број на граѓани да го слушнеме нивниот став за најбитното прашање во поновата македонска историја, вели Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во вестите на Канал 5 одговарајќи на прашањето за ставот на партијата за референдумот за промена на уставното име на Република Македонија.

Тој посочи дека периодот има консултации и во внатрепартиските тела и органи за референдумот кој ќе се одржи на 30 Септември за промена на уставното име на Република Македонија.

Јанушев истакна дека партијата ќе го соопшти ставот пред македонската јавност кој ќе биде сублимат од анализи и консултации кои во моментот се прават.