дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Мapичиќ дa си пoднесе ocтaвка штo пoзнaти kpиминaлци ce нa cлoбoда

ВМРО-ДПМНЕ: Мapичиќ дa си пoднесе ocтaвка штo пoзнaти kpиминaлци ce нa cлoбoда

Маричиќ да си поднесе оставка што познати криминалци се на слобода. За каква реформа во судството зборува Маричиќ кога СДСМ е власт 5 години, а во тие 5 години нема криминалец кој не им избега. 215 светски криминалци добија пасоши со лажен идентитет, луѓе бегаат од затвор, нема криминалец кој не е во сојузништво со власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Командирот на полициската станица во Прилеп кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви. Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани. На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како „Планина“. Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта е буквално недопрена.

-Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот. Народ не може да истера правда, а за мафијата закон не важи. Време е да се стави крај на криминалот, време е за одговорност, посочуваат од партијата.