дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВА ИЗБОРИТЕ: Груевски побара предвремени парламентарни избори по Пржински...

ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВА ИЗБОРИТЕ: Груевски побара предвремени парламентарни избори по Пржински модел и смена на Чичаковски и директорот на ААВМУ

Поради изборни нерегуларности, брутално прекршување на изборниот закон, поткуп, уцени и закани ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите организирани од хунтата на Заев, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при обраќањето по завршувањето на вториот изборен круг


Овие избори не ги признаваме и бараме организирање на нови предвремени парламентарни избори по Пржинскиот модел, како и смена на директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги на предлог на опозицијата, како и смена на претседателот на ДИК Александар Чичаковски исто така по предлог на опозицијата.

На ова следеа овации во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.