дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПЛАНИРА ОПОЗИЦИЈА: Мане Јаковлески од пред состанокот на Извршниот комитет...

ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПЛАНИРА ОПОЗИЦИЈА: Мане Јаковлески од пред состанокот на Извршниот комитет на партијата најави дека по секоја цена ќе се брани земјата!

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава и ги разгледува најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се превземат, информираат од партијата
Ќе се разговара за политичката ситуација и за следните чекори на партијата, но не прецизираат кои се тие. Антонио Милошоски за медиумите изјави дека политичката ситуација се движи во непожелна насока и дека не јао дразува волјата на гласачите. Прецизираше дека тие чекори нема да го загрозат мирот и стабилноста во Македонија. Извршната власт мора да биде одраз на волјата на гласачите, но дека власта не е опција по секоја цена. Изјава даде и Мане Јаковлевски кој рече дека нема да дозволи разнебитување на македонскиот народ.