Политичкиот суд на СДСМ ги реализира нарачките на криминалниот картел, само за да направи дефокус на јавноста од грабежот кој во моментов се одвива во Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека државата е киднапирана од картелот на власт, а судството е под заробеништво лично на Зоран Заев. Република Македонија со вакво судство не може да се придвижи ни чекор кон ЕУ и НАТО.
-Десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на шиканирање и на монтиран прогон, само затоа што се политички неистомисленици на Зоран Заев, тие се притвораат и затвораат. Постапките против нив се надвор од секое правично и правно правило. Државата економски тоне. Република Македонија се соочува со стагнација, која е почеток на економски егзодус, како во транзицијата. Раст на економијата нема, платите паѓаат, граѓаните се во безнадежност. Оваа ненародна власт, мора да си оди. Политичката злоупотреба на институциите мора да запре. Економијата не смее дополнително да паѓа. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Токму затоа сите заедно да излеземе и на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме не на оваа недемократска власт, посочуваат од партијата.