дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА СО БОЈКОТОТ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се вратат во...

ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА СО БОЈКОТОТ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се вратат во Собранието!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со бојкот на Собранието, дознаваме неофицијално од партиски извори, а како причина се наведува продолжувањето на притворот на лицата неправично осомничени за случувањата на 27-ми април

 


Оваа информација за „Телма“ ја потврдил и новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Претходно Заев и координаторот на пратеничката група на СДС Томислав Тунтев изразија надеж дека опозицијата ќе се врати во Собранието.