дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Пoрaди инaeтот на Заев и Филипче – Мaкедoнија се сooчува со...

ВМРО-ДПМНЕ: Пoрaди инaeтот на Заев и Филипче – Мaкедoнија се сooчува со нoва зaбрaна за пaтувaњe во ЕУ

Заради Заев и Филипче кои не преземаа мерки навремено, Македонија од утре се соочувa со нова забрана од ЕУ за патување, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради високиот број на заразени кој можеше да се превенира со навремени мерки, македонските граѓани ќе се соочат со неможност нормално да патуваат во ЕУ. Забраната може да значи целосна забрана за неесенцијални патувања, нои огромни процедури и за оние граѓани на кои патувањето им е неопходно. Поради инаетот на Заев и Филипче сега сите граѓани ќе страдаат. Заев и Филипче не ги послушаа советите на ВМРО-ДПМНЕ навремено да воведат построги правила при влез, како што е задолжителното тестирање, и масовна вакцинација со голем број на пунктови, и сега нивниот инает го плаќаат сите. Македонија повторно трпи загуби заради неукоста и инаетот на двајца луѓе – Заев и Филипче, велат од партијата.

Од таму додаваат дека време е за одговорност за сите пропусти. Време е за промени.