дома Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА 10 ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО: Ова се координаторите

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА 10 ПРАТЕНИЧКИ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО: Ова се координаторите

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира 10 пратенички групи во Собранието, 9 ќе имаат по пет пратеници, а една ќе има шест пратеници, информираше пратеникот Илија Димовски на брифинг со новинарите.

Димовски кажа дека веќе е испратен допис до претседателот на парламентот и дека ова се прави за да се искористат деловничките можности за поголемо учество во дискусиите. Според собранискиот Деловник, на координаторите на пратеничките групи им е дозволено да дискутираат по 15 минути и да се јавуваат за процедурални забелешки по три минути.

На првата група од шест члена, координатор е Илија Димовски. На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата пратеничка група координатор е Даниела Рангелова, на 6-тата Панчо Минов, на 7-та Димитар Стевананџија, на 8-та Драган Данев, на 9-тата Благица Ласовска и на 10-тата пратеничка група Драган Цукле.