дома Политика ВМРО-ДПМНЕ: Hapoдoт плaќa пocкaпи бeнзини пopaди пoвиcoкaтa aкцизa нa Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Hapoдoт плaќa пocкaпи бeнзини пopaди пoвиcoкaтa aкцизa нa Заев

Според партијата, ова е само доказ дека и во период на пандемија тие гледаат колку што можат да удрат по џебот на граѓаните.

Во период на здравствена и економска криза кога за десет месеци над 55.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без месечни приходи власта предводена од Зоран Заев без никаков срам ја зголеми цената на горивата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата информираат дека Регулаторната комисија за енергетика информира дека горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денари.

„Ова е само доказ дека и во период на пандемија тие гледаат колку што можат да удрат по џебот на граѓаните.Како да не им беше доволно што ја поскапија цената на електричната енергија, па сега повторно го осиромаштуваат граѓаните.Зголемувањето на акцизата на горивата не само што ги засега буџетите на граѓаните на Република Македонија, туку тоа ги засега и стопанството и фирмите и компаниите, превозниците, таксистите и земјоделците.Наместо подобар и побогат живот за граѓаните, СДСМ ги опљачка граѓаните и им донесе сиромаштија и глад“ стои во реакцијата.