February 6, 2023, 9:52 am

ВМРО-ДПМНЕ: Hoв дeбaкл нa Филипче, нaмecтo гpижa зa здpaвјeтo, тoj ги диcкpиминиpa и зaплaшyвa гpaѓaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо решавање на ситуацијата со корона, граѓаните гледаат само се поголеми глупости и се поголема неспособност на Заев и Филипче, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Не се справија со ниту еден бран од корона вирусот, а сега на праг на четвртиот бран и наместо да понудат решенија, тие заплашуваат и дискриминираат.

За СДСМ сега постојат само вакцинирани граѓани, ги избришаа и оние кои минуваа голгота во текот на лечењето, а имаат антитела.

Погрешната здравствена политика, поточно немањето здравствена политика ја доведе земјава уште од стартот на појавата на корона високо на листите на починати или досега повеќе од 5.500 починати само во земјава, а високо котира на светските ранг листи по бројот на починати. Или според Ворлдометар, Македонија е шеста по смртност на милион жители во светот.

Сето ова што се случува е резултат на интересот за провизии, а не за здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација.

ВМРО-ДПМНЕ е строго против дискриминација, бидејќи сите граѓани се исти, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This