September 29, 2022, 10:03 pm

ВМPO-ДПМHE: Шилeгoв нaмecтo дa ce бopи пpoтив ypбaната мaфиja тoj cтaнaл дeл од нejзe, изгpaди згpaдa дивoгpaдбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов на местото на својата куќа во Тафталиџе, гради зграда дивоградба.

Според ДУП за местото каде што сега се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов максималната висина која е дозволена за изградба на е 8.8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов изградил уште два ката над максимално дозволената висина, без да поседува било каков валиден документ кој ќе му дозволи таква градба.

Надлежна институција за давање дозволи за градба, доградба и реконструкција е општина Карпош каде градоначалник во заминување е Стефан Богоев. Општина Карпош е и институција која треба да предупреди и спроведе запирање на градбата која е вон дозволените граници, но и да изврши рушење.

Петре Шилегов не само што не е спречен да ја гради својата зграда дивоградба, туку и општина Карпош до денес не отпочнала постапка за рушење на дивоградбата.

Очигледно е дека Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и од основа на политичката функција која ја има гради незаконски, за потоа низ некоја скратена постапка да го легализира објектот.
Шилегов наместо да става ред, тој е пример за создавање неред и хаос. Шилегов не ги почитува законите, кои треба да ги применува врз другите од позиција на градоначалник, токму затоа одбројаните се деновите негови на таа позиција.

Време е за промени, а потоа и за одговорност. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This