Внимавајте: Нестабилна состојба со одроните на магистралата А3

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува нестабилната состојба со одроните на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот зафатена од поголем одрон е делницата кај село Илиово.

Раководителот на Македонија пат, Влатко Цоневски информира дека дел од овој одрон е исчистен, а на пат е механизација за истиот целосно да биде отстранет.

-Наши екипи го оспособија коловозот за да може да се одвива сообраќајот, а по пристигнувањето на механизацијата ќе се работи на негово целосно отстранување, рече Цоневски.

Апелираше и покрај тоа на оваа делница која речиси цела недела е зафатена од одроните да се вози внимателно и притоа да се почитува сообраќајната сигнализација.

Од утрово и во текот на ноќта сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This