дома Македонија ВНИМАВАЈТЕ: Обилен снег на дел од патиштата

ВНИМАВАЈТЕ: Обилен снег на дел од патиштата

Целосна забрана за движење на моторни возила на планинскиот превој „Буково“. Полицијата информира дека поради обилните снежни врнежи, донесени се забрани за тешки товарни возила и на „Пресека“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.

Од полицијата апелираат возилата да се користат само ако е тоа неопходно за да се избегнат несакани последици.

Апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомните патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен, соопшти МВР.

Како што потсетува, за сите моторни возила неопходно е носење и користење зимска опрема.