дома Магазин ВОДИТЕЛКАТА МИЛЕНА АКТИВНО ПОСВЕТЕНА НА СЛАБЕЕЊЕ: Ја крена маичката и покажа...

ВОДИТЕЛКАТА МИЛЕНА АКТИВНО ПОСВЕТЕНА НА СЛАБЕЕЊЕ: Ја крена маичката и покажа како изгледа женскиот стомак по породување.

ТВ водителката Милена Антовска Станковска не остава ништо на природата и случајностите кога е во прашање нејзината фигура по породувањето.

Веќе извесен период таа е активно посветена на третманите за слабеење, затегнување и обликување, особено во пределот на нозете и стомакот.

Дамите кои се реализирани како мајки добро знаат дека враќањето на стомакот во првобитната форма не оди така лесно и дека треба да помине барем една година, но Милена реши да го забрза овој процес, па постојано е на третмани во салоните за убавина.

Овој пат на своите бројни следбеници на социјалните мрежи им откри до која фаза стигна од третманите, па ја крена маичката и покажа како изгледа женскиот стомак по породување.

Резултатите се очигледни, но изборот на жените секогаш е индивидуален, дали со третмани или пак со поголема физичка активност покрај онаа најглавната – грижата за бебенцето.