дома Магазин Водителката Милена Антовска сподели фотографија со најголемата балканска ѕвезда

Водителката Милена Антовска сподели фотографија со најголемата балканска ѕвезда

Милена реши да сподели нешто за себе… за своја душа. Или поточно – некого! И тоа не било кого! Имено, долгоногата убавица од пред ТВ камерите го искористи гостувањето во ТВ дневникот на нивната телевизија на најголемата регионална и балканска музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ за да се запознае, размени неколку збора и секако, да се фотографира…

Така Милена, наместо проблем, сподели спомен. И тоа со живата пејачка легенда во вид на заедничка фотографија од нејзиното студио. Онака за своја душа и очите на нејзината ТВ публика и нејзините следбеници на социјалните мрежи.

За Чола веројатно се’ е кажано и познато, ама фотографијата кажува уште нешто: две убавини на исто место, споделени на фотографија!

Патем, наш мал прилог кон приказната – новата песна на Чола и видеото за неа насловени: „Ничег није било измеѓу нас“. За случајно на душегрижниците да не им дојдат „валкани мисли“ на ум!