дома Локално ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ, ОД ДЕНЕС ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ ДВОЈНО ПОСКАП: Една од интервентните мерки...

ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ, ОД ДЕНЕС ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ ДВОЈНО ПОСКАП: Една од интервентните мерки за намалување на загадувањето е двојно поскапа цена на паркинг услугите во Скопје

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху на прес-конференција соопшти дека е донесена и одлука за прекинување на сите градежни активности на градилиштата што се под надлежност на Град Скопје и ги повика и градоначалниците на скопските општини исто така да ги прекинат градежните активности.

Цените на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од денеска двојно се зголемуваат и тоа ќе важи до престанување на оваа одлука.

Ова се некои од мерките и препораките за кои денеска одлучи Град Скопје поради големото аеро загадување во главниот град.