дома Временска Прогноза Возете внимателно: Еве каде има врнежи од снег

Возете внимателно: Еве каде има врнежи од снег

Врнежи од слаб снег има во Куманово, Струмица, Петровец и на планинскиот превој Ѓавато. На коловозите низ патиштата во државата има остатоци од кашест снег поради што се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од 9:45 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 09:50 часот и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње, на кој гравитираат 11 села, сеуште е непроден за секаков вид сообраќај.