дома Македонија ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каква е состојбата на патиштата денес

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каква е состојбата на патиштата денес

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од денес 26.08.2019 со почеток од 07:00ч. ќе започне со работа наплатна станица Гевгелија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.