дома Локално ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД СТРУМИЦА: Преку 1.200.000 денари пари на граѓаните на Струмица...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД СТРУМИЦА: Преку 1.200.000 денари пари на граѓаните на Струмица за да бидат напаѓани од кучиња скитници!

Очигледната негрижа на градоначалникот на Струмица кој на сметка на ветеринарната амбуланта „Анри Вет“ од Богданци префрлил 1.200.000 денари за наводно менаџирање со кучињата скитници во градот доведе до зачестени напади врз граѓаните, од кои неколкумина биле и каснати

Освен сомнителните тендери со блиски соработници на градоначалникот на Струмица за транспорт на ученици кој бил за неколку пати повисок од остантите општини, како и бизнисите кои Заев ги имал со пратеници на СДСМ и членови на неговото пошироко семејство, последната во низата злоупотреби на пари на граѓаните е оваа со наводното менаџирање со кучињата скитници во градот.

Како што може да се види на снимката, глутница од кучиња прво напаѓаат жена во кругот на општинското училиште, а откако чуварот се обиде да ги одврати тие се нафрлија врз него. За среќа во оваа ситуација никој не беше повреден, но граѓаните тврдат дека досега имало неколку посериозни инциденти во кои жители на градот биле и искасани.