дома Магазин ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Сакала да има уникатна тетоважа, а си направи пекол и...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Сакала да има уникатна тетоважа, а си направи пекол и се бори да го спаси окото

Канадската манекенка и модел Кет Галингер го изгубила видот на десното око поради тоа што пред неколку месеци решила да го тетовира.


Кет пред неколку месеци решила да го тетовира своето око и да има уникатна тетоважа.

Таа решила нејзиното око да има виолетова боја, но сега горко се кае за нејзината постапка.

На нејзиниот Фејсбук профил таа редовно постира слики и информации од нејзиниот проблем кој што се појавил неколку месеци после тетовирањето. Првично нејзиното око почнало премногу да ја боли и наеднаш почнало од окото да и тече виолетова течност.

 

Таа веднаш отишла на доктор каде што докторите и дале антибиотска маст која што би требало да ја спречи инфекцијата на окото.

Според докторите до овој проблем дошло поради тоа што приборот за тетовирање не бил доволно стерилизиран, но и бојата не одговарала на нејзиниот организам.

Кет можно е да спаси мал дел од видот на десното око, но за тоа би требало да и се изведе операција. Кет сака што побрзо да си го реши својот проблем, а со самите објави на Фејсбук сака да им покаже на останатите да не се глупираат и никогаш да не прават нешто такво глупаво како што е тетоважа на око.