дома Балкан Xаваpија во Србија: Се преврте воз со cyлфурна киселина кај Бор

Xаваpија во Србија: Се преврте воз со cyлфурна киселина кај Бор

Вагон со сулфурна киселина се преврте денес на линијата меѓу Бор и градот Заградје, но нема повредени, објавија денес железничките компании „Србија карго“ и „Инфраструктура на српските железници“.
На делот од пругата помеѓу Бор и Заградје, во 14,50 часот, вагонот се преврте на страна, а железничкиот сообраќај во моментов е во прекин.
„За време на несреќата, забележано е истекување од резервоарот, па специјализирани противпожарни единици и екипи на МУП веднаш излегоа на местото на настанот, и го обезбедија и заштитија подрачјето и местото на истекувањето“, се наведува во соопштението.
Товарниот воз со број 53753, вклучувал 18 вагони со цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“.
Заедничката железничка комисија за истражување на вонредни настани исто така излегла на местото на настанот, која ќе ги утврди причините за овој лизгање, како и стручните служби на компанијата „Еликсир“, јави Танјуг.