дома Европа Вонредната состојба во Италија продолжена до aприл

Вонредната состојба во Италија продолжена до aприл

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека вонредната состојба воведена во таа земја поради коронавирусот, ќе биде продолжена до крајот на април.

Вонредната состојба првпат беше воведена пред една година и требаше да биде во сила до крајот на овој месец.

Општата епидемилошка слика се влоши минатата недела. Поради влошените индикатори, Владата смета дека вонредната состојба треба да се продолжи до 30 април, рече Сперанца во Парламентот.

Коронавирусот зеде речиси 80.000 животи во Италија, што ја прави земја на второ место во Европа по смртност и шеста во светот.

Во Италија, вкупно над 2,3 милиони луѓе се заразени со вирусот.