дома Временска Прогноза ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:Големо невреме во Скопје и во Македонија

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:Големо невреме во Скопје и во Македонија

Денеска и во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град се очекува да има утре.
Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува и повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време.

Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.

Организирана облачна групација со вертикален развој проследена со пороен дожд, грмежи и молњи и можна појава на град се простира над Скопско и се преместува кон североисток, информираат од УХМР.