дома Временска Прогноза ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОД ВТОРНИК МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД...

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОД ВТОРНИК МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

 Од вторник (06.09.2016) па во текот на целата наредна недела територијата на Македонија ќе биде зафатена од многу влажна но и нестабилна воздушна маса која доаѓа од Медитеранот. Поради тоа ќе имаме зголемена облачност со врнежи од дожд . На повеќе места врнежи ќе бидат ОБИЛНИ проследени со локални грмежи како и засилување на ветерот. Локално можна е појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат во ГОЛЕМО опаѓање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја но и да се избегнува разговор на мобилни телефони. Исто така поради ОБИЛНИТЕ врнежи кои се очекуваат можна е појава на поплави па затоа крајна предпазливост исто така да се превземат соодветни мерки.

 


Временската прогноза ја подготви:

Славчо Попоски