дома Хроника ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО ГОСТИВАР: Ограбена експозитура на „Халкбанка“ во Гостивар

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО ГОСТИВАР: Ограбена експозитура на „Халкбанка“ во Гостивар

Пред околу еден час се случи вооружен грабеж во филијала на „Халкбанка“ во Гостивар, пренесуваат локалните медиуми.

Грабежот се случил на ул.Гоце Делчев, а очевидци сведочат дека едно лице со фантомка, вооружено влегло во просториите на банката, а откако ги одземал парите се упатил во непознат правец.

Во моментот полиција врши увид на лице место.